srekja

Имајќи предвид дека поголемиот дел од времето го поминувате на работа, при избирањето на работно место секогаш треба да го одберете она ве исполнува и прави среќни.

Ако планирате вашата кариера да ја пренасочите во друг правец, земете ги предвид следниве совети, пишува Entrepreneur.

doma

Утврдете што барате

Утврдете што е навистина важно за вас. Дали сакате да бидете менаџер или соработник, сакате да патувате или да работите од дома.

Дајте си време

Кога ќе решите дека е време да направите промена, бидете трпеливи. Закажете состаноци и проширете ја вашата мрежа на контакти. Фокусирајте се на наоѓање на вистинска улога, во вистинско време со вистински луѓе.

kolegi

Изберете добри соработници

Поголемиот дел од времето го поминувате на работа, па од голема важност е да изберете добри колеги. Изберете личности кои ќе ве предизвикуваат и инспирираат да го дадете најдоброто од себе.

Инспирацијата пред титулата

Многумина преминуваат во друга компанија поради титулата, но тоа е површен пристап кон градење на голема кариера. Што работите и како работите е многу поважно од вашиот потпис (со титула).

ti

Вие сте најважни

Кога ќе се одлучите да направите промена во вашата кариера и покрај тоа што се важни колегите, менаџментот, семејството, сепак вие сте најважни.

email