exit-1722888_960_720Фото: Pixabay

Ако некогаш сте работеле за лош шеф знаете дека работењето во таква средина сериозно го нарушува квалитетот на работата и можноста за напредок. Во потрагата по нова работа сигурно би сакале да ги избегнете лошите шефови. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го откриете лошиот шеф за време на интервјуто пред да ја прифатите работата.

Посветете внимание на енергијата во компанијата

Додека чекате да почне интервјуто посветете внимание на тоа каква енергија владее во компанијата. Дали луѓето изгледаат весели и фокусирани или делуваат несреќно и исплашено што значи дека со нив управува неефикасен менаџер.

Како се однесува со вас за време на интервјуто

Ако за време на интервјуто е нељубезен, ги деградира вашите квалификации или воопшто не ве слуша што зборувате, тогаш верувајте во она што го гледате. Не се залажувајте дека откако ќе ве вработи ќе се претвори во добар шеф.

Што очекува од вас

Пазете се од шеф кој не знае да ви каже што се очекува да постигнете во вашата прва година на работење и како ќе се мери вашиот успех.

Што се случило со претходниот работник

Дознајте зошто е отворена позицијата и што се случило со претходниот работник. Дали очекувањата се нереални. Кога ќе слушнете за искуството на луѓето кои претходно работеле во компанијата може да ви помогне да дознаете повеќе за позицијата, очекувањата и искуствата со шефот.

email