book-1986286_960_720

Фото: Pixabay

Неколку добри техники за да бидете од оние кои подобро ги помнат информациите од останатите.

Запишувајте

Стекнете си ја навиката да го запишувате тоа што го слушате. Тоа ќе ви помогне да ја запомните саканата информација. Со запишувањето имате шанса да прочитате и тоа да остане подолго време во вашата глава. Човечкиот мозок помни многу малку само од слушање и потребен е запис или пак снимка на коишто ќе можете да се навратите повеќе пати.

Заинтересирајте се

Колку повеќе се интересирате за одредената информација толку подобро ќе ја запомните. Можеби тоа нема секогаш тоа да биде примамливо за вашите уши и очи, но трикот е во тоа да најдете нешто што ќе ви ја заскокотка љубопитноста и ќе ги разбуди сетилата.

Направете асоцијација

Поврзете некој познат предмет или слика со кажаниот збор, реченица, дел од говор или пишана информација што треба да се запомни. Во мозокот се прави ментална конекција помеѓу двете нешта и така останува подолго време врежана во мислите.

Учете попладне

Статистиката вели дека најдобро време за да научите нешто се попладневните часови. Луѓето најдобро помнат попладне и доколку имате некој текст што треба да биде мемориран посветете му се токму тогаш.

Паузирајте

Не заборавајте да му дадете на мозокот и малку одмор. Помеѓу секој вложен напор направете пауза со цел подобро да го акумулирате она што дотогаш сте го запомниле. Не се оптоварувајте по секоја цена.

Повторувајте

Секогаш трудете се да го повторите тоа што сте го чуле или прочитале. Добро познато е дека повторувањето е мајка на знаењето. И имајте едно на ум – информациите на почетокот и крајот најдобро се помнат.

email