problemФото: Pixabay

Улогата на менаџер не е лесна. Вашата должност е да ги инспирирате, водите и мотивирате членовите на тимот за да ги остварите целите на компанијата. Менаџирањето е двонасочна улица. Кога се прават грешки не треба да ги барате само кај членовите од тимот, туку да се запрашате што сте можеле да преземете, а не сте сториле. Овие неколку знаци ќе ви помогнат да ги откриете вашите грешки во менаџирањето.

Не ги споделувате вашите цели

Вработените имаат потреба од информации коишто како менаџер треба да им ги пренесете. Кои се вашите цели за него и за вашиот тим во целина. Ако не ги споделувате вашите цели со нив тие само ќе “лутаат“ и нема да знаат што треба да преземат. Разговарајте со нив и објаснете им како секој се вклопува во големата слика на компанијата и што се очекува да направат.

Не давате фидбек

Размислете кога последен пат сте биле незадоволни од некој вработен. Дали сте разговарале со него за направената грешка и неизвршување на задачите. Ако не му ги посочите грешките, тогаш не очекувајте дека нема да се повторат. Секогаш давајте им конструктивни критики на своите вработени бидејќи им помагаат да се движат во вистинскиот правец. Кога давате повратни информации, внимавајте на тоа да бидат јасни и ефективни.

Не сте доследни

Им испраќате на вработените помешани пораки. Една недела им велите да бидат независни во извршување на задачите, а наредната внимавате на секој нивни чекор. Кога барате од нив да бидат независни можеби мислите на предлози за решавање на проблеми, а не само прашања. Затоа, давањето на јасни повратни информации може да ви помогне да останете доследни.

Менаџирате со сите на ист начин

Кога управувате со тим од различни личности важно е да го прилагодите вашиот стил со секој вработен. Секој вработен располага со различни вештини и знаења. Добри запознајте ги вработените и прашајте ги кои вештини би сакале да ги развијат во иднина. На тој начин, соработката со секој вработен ќе биде подобра, а ќе ја стекнете и нивната почит.

email