pinokio

Фото: Pixabay

Вистината е дека сите кажуваме лаги и тие се неизбежни на работното место или во приватниот живот. Некои лаги се повеќе “добри“, отколку лоши. Белите (добри) ги кажуваме кога не сакаме да ги повредиме чувствата на некоја личност, но некои лаги може да бидат деструктивни и негативно да влијаат на приватниот и професионалниот живот. Лошите лаги ги уништуваат релациите дома, на работното место, соработката и кариерата.
Inc открива пет вербални знаци што ќе ви помогнат да препознаете дали некој ве лаже.

Користи премногу зборови

Личноста која користи 10 пати повеќе зборови за да каже нешто едноставно, обично лаже.

Квази – негирања

Одговорите кои ви ги дава личноста не се директен одговор на прашањето, но звучат како да се вистински одговор. На пример, ако прашате дали ви украла пенкало од канцеларијата, доколку лаже одговорот би бил: “Дали изгледам како некој кој ќе го стори тоа?” Вистинскиот одговор би бил едноставно “Не“.

Квалификации, одрекувања, модифицирање

Ги употребува досадните фрази како: “Колку што знам…”, “Според моите сознанија…” или “Нема да верувате, ама…”

Ги ублажува зборовите

Овие личности се најзастапени. Кога не сака да ја каже вистината, користи зборови што ќе го “омекнат“  влијанието на тоа што сакаат да го кажат.

email