rabotnik1

Исклучителниот работник поседува широк спектар на квалитети. Тој е посветен, вреден, одговорен, независен, одличен лидер и следбеник. Поседува вештини што го издвојуваат од останатите и придонесува за развојот на компанијата. Исклучителниот работник, според Business Insider, се препознава по овие квалитети:

Тој е ексцентричен

Исклучителниот работник е различен, ексцентричен, чуден, но на добар начин. Но, “необичните“ личности знаат да ги размрдаат работите и да ја направат работата позабавна. Личноста која не се плаши да биде различна ги поместува границите и најчесто дава најдобри идеи.

timski

Тимски играч

Пред голем предизвик или стресна ситуација, се приклучува на тимот, без разлика дали му е таму местото. Тој знае кога може да се шегува, а кога е потребно да биде сериозен. Кога треба да се почитува шефот, а кога да се предизвика.

Јавно ги фали другите

По пофалбата од шефот секој се чувствува добро. Исклучителниот работник го препознава придонесот на другиот и го пофалува пред сите.

Поставува прашања кога другите молчат

Исклучителниот работник ги препознава проблемите, а кога другите молчат, тој презема чекор и поставува прашања.

Постојано истражува

Добриот работник го следи процесот, а исклучителниот открива нови процеси.

email