open

Фото: Pexels

Без разлика дали се обидувате продадете некој производ или услуга, да најдете инвеститори или да ги мотивирате работниците да завршат одредена задача, вашиот успех ќе биде диктиран од способноста да влијаете и да ги убедите за да ја затворите продажбата.

Раскажувањето на приказни веројатно е најмоќната алатка што се користи во продажбата како комбинирање на уметноста на раскажување приказни со процесот на продажба. Продавачите ткаат приказни за нивните брендови кои ќе го привлечат вниманието кај купувачот или инвеститорот.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да препознаете кога треба да раскажете приказна во процесот на продажба и како треба да ја пренесете.

Не се извинувајте и не барајте дозвола

Многу луѓе не знаат како да почнат со раскажување, особено на работа. Тие почнуваат со изговарање на реченици како “Се извинувам дали може да ви кажам приказна за…“, или се оправдуваат дека ќе бидат брзи. На тој начин звучат како да прават нешто погрешно. Кога ќе почнете приказна на тој начин, пораката што ја комуницирате е “оваа приказна не е важна”. Тогаш, зошто вашата публика треба да ве послуша? Ако не мислите дека вашата приказна е толку важна, не ја кажувајте. Ако мислите дека вреди времето на вашата публика, немојте да се извинувате.

Привлечете внимание

Предизвикајте љубопитност. Започнете со изјава којашто ќе го привлече вниманието на потрошувачот или инвеститорот и ќе сака да слушне повеќе.

Кратка приказна

Приказната нека има минималистичка форма. Ако вашата приказна е долга поголеми се шансите да слушателите да го изгубат вниманието.

Направете споредба со “пред и потоа“

Во раскажувањето на приказната мора да му ги покажете на корисникот придобивките од вашиот производ или услуга. Исто така, вашата приказна мора да биде со среќен крај.

email