talk

Фото: Pexels

Справување со негативни луѓе е дел од секојдневниот живот и со нив мора да научите да разговарате. Тие се жалат, критикуваат, обвинуваат и го гледаат светот цинично. Овие неколку совети ќе ви помогнат да се справите со негативна личност и да ја вратите темата на вистинскиот пат.

Емпатија

Кога некој ќе почне да ви зборува негативно, препознајте ја нивната “болка“ и префрлете се на друга тема. Пренесете го вашето жалење за ситуацијата и побарајте од личноста да ги даде своите идеи.

Комплимент

Дајте комплимент на личноста за тоа колку добро се справува со ситуацијата, тоа може да му даде на разговорот позитивна насока.

Повторете

Личноста со која разговарате можеби не е свесна дека пристапуваат негативно, затоа повторете го тоа што личноста го кажала.

Понудете помош

Можеби жалбите се крик за помош. На многу луѓе им е тешко да побараат помош, верувајќи дека проблемите ќе исчезнат. Ако сте подготвени и достапни, понудете им помош во решавање на проблемите тоа може да биде токму она што го бараат.

email