sl1

Фото: Pexels

Колку пати сте се фатиле во ситуација дома, по работното време, да седнете да проверите нешто, да довршите, да одговорите на некој мејл…? Да се остави работата на работа е многу тешко скоро за секого. Можеби нема решение како преку ноќ да престанете да ја носите работата дома, но може да прочитате неколку идеи и барем да се обидете:

Тргнете го службениот мејл од мобилниот телефон

Доколку политиката на компанијата и позицијата на која се наоѓате не ви наложуваат да бидете постојано достапни, исклучете го службениот мејл од мобилниот. Можеби ќе ви биде чудно на почетокот, но со време на овој начин полесно ќе се контролирате кога треба, а кога не треба да мислите на работата.

Работниот ден завршете го со листа задачи за следниот ден

Пред да заминете дома, оставете десетина минути и запишете ги обврските и задачите што треба да ги завршите следниот ден. Така ќе можете да го оставите работниот ден зад себе, знаејќи дека сте веќе подготвени за утрешниот.

Најдете си хоби

Најдобар начин да се “исклучите” од работа по завршување на работното време и да престанете да го проверувате мобилниот, е да си најдете хоби што ќе ви биде интересно и во целост ќе ви го окупира вниманието. Хобито ќе ги намали стресот и напнатоста, ќе ја зголеми креативноста, а доколку е нешто што се работи во група, ќе ви отвори можност да остварите нови пријателства.

email