rabota-pixabay

Фото: Pixabay

Првиот ден на работа, без оглед на тоа дали станува збор за прво работно искуство или промена на средината, бара прилагодување и урамнотежување со новите задачи, колеги и организација.

Доколку се наоѓате во таква ситуација, не плашете се, туку соберете храброст и применете ги овие неколку совети:

Дојдете порано

Непишано правило во бизнисот е секогаш да бидете точно на време. Не дозволувајте да задоцните првиот работен ден, бидејќи во очите на колегите може да оставите лош впечаток. Најдобро е да бидете на работното место 15-тина минути порано.

Бидете подготвени да одговорите на прашањата на колегите

Нормално е да ја задоволите љубопитноста на вашите колеги, кои сакаат да ве запознаат. Затоа, бидете подготвени да им одговорите на прашањата од типот: од каде сте, што сте работеле претходно, дали имате искуство во работата, кои се вашите очекувања од новата работа…

Бидете расположени и внимавајте на изборот на облека

Иако надворешниот изглед не значи дека некој ќе биде повеќе или помалку успешен во работата, сепак внимавајте како се однесувате и како изгледате. Стилизираниот начин на облекување ќе ја покаже вашата посветеност и внимателност, а добрите манири ќе наидат на поздрав и воодушевување кај колегите и претпоставените.

Внимателно со мобилниот телефон

Во текот на првиот ден на работа, покажете поголем интерес за сето она што ќе бидат ваши работни задачи, во кои простории може да влезете, каде се складираат документите, каде може да појадувате за пауза… За да ги запомните сите задолженија, заборавете на мобилниот телефон. Доколку не можете да го одложите повикот, извинете се и излезете на кратко да за го завршите разговорот.