game-figure-598036_960_720

Фото: Pixabay

За луѓе кои работат во тим од клучно значење е добрата комуникација и професионалниот однос со секого, особено со тим лидерот. Но, што ако сте наишле на некој кој нема разбирање или едноставно не умее да работи како што треба. Како да се справите со лидерот кој не знае да биде лидер.

Бидете добар пример

Можеби немате среќа да работите со добар тим лидер кој позитивно влијае на останатите. Сепак, не дозволувајте тоа да биде пречка за вашето добро однесување. Бидете секогаш навреме, завршувајте ги задачите во даден рок, оставете го егото пред врата и почитувајте ги сите од тимот. Ако правите онака како што доликува на еден професионалец можеби и другите ќе го следат вашиот пример.

Пријателски однос

Обидете се да бидете пријател со тим лидерот. Каква и да е ситуацијата во моментот тој/таа е вашиот претпоставен и мора да се прилагодите кон тоа. Запознајте го/ја колку што можете повеќе и најдете некој заеднички интерес. Бидете присутни кога се случуваат важни работи поврзани со тим лидерот, честитајте ако има некаков повод. Ако сте пријателски расположени колку и да не ви оди комуникацијата работите ќе се одвиваат полесно.

Адаптирајте се

Експертите советуваат да ја набљудувате невербалната комуникацијата. Честопати таа кажува многу повеќе од вербалната. За да можете тоа успешно да го правите треба да се адаптирате на околината и луѓето. Така и со лошиот тим лидер, следете го неговиот/нејзиниот говор на телото и адаптирајте според него.

Фокусирајте се на проблемите, не на човекот

Сета енергија насочете ја кон решавање на проблемот, не кон поправање на човекот. Многу е тешко да промените возрасна личност. Конкретно решете го тоа што вам ви претставува проблем и не обрнувајте внимание на неважни работи. Лошиот лидер може никогаш да не ја научи лекцијата, обидете се вие да не бидете таква личност.

email