lice

Фото: Pixabay

Каде и да работите, може да се соочите со проблематични луѓе. Справувањето со колеги, шефови, клиенти и пријатели е уметност што бара усовршување и претставува предизвик.

Некои од нив постојано зборуваат и никогаш не слушаат. Други мора секогаш да го имаат последниот збор. Има и такви кои не знаат да чуваат тајна или ве издаваат кај шефот. Ваквите колеги честопати знаат да ве стават во непријатна ситуација.

Работната средина може да ја подобрите кога ќе ја подобрите вашата способност да се справите со “тешките“ колеги околу вас. Овие совети ќе ви помогнат да се справите со нив, пишува The Balance.

Преиспитајте се

Дали сте сигурни дека проблемот е во другата личност или претерувате? Запрашајте се дали проблемот се појавува поради вашата нефлексибилност или нетолерантност? Ако утврдите дека проблемот не е во вас, тогаш продолжете со планот за справување.

Разговарајте во четири очи

Разговарајте со вашиот колега за тоа што очекувате од него. Објаснете му какво влијание има неговото лошо однесување врз вас. Бидете смирени и љубезни додека разговарате и посочете дека не сакате кавги. Проблематичниот колега можеби и не е свесен дека неговите дела и зборови имаат негативно влијание врз вас. Во текот на дискусијата обидете се да постигнете договор. По разговорот, следете ја неговата реакција, дали ситуацијата е променета кон подобро или полошо.

Вклучете ги и другите колеги

Вклучете ги и другите колеги кои го имаат истиот проблем со проблематичниот колега. Кога шефот ќе види дека поголема група на луѓе реагира на истиот проблем, неговиот пристап ќе биде поинаков.

Изолирајте го

Ако со претходните постапки не успеете да го подобрите однесувањето на колегата, тогаш ограничете го неговиот пристап до вас. Потрудете се да го избегнувате секогаш кога ситуацијата го дозволува тоа. Не ја уништувајте вашата кариера или бизнис поради нечие друго несоодветно однесување.

email