toksik

Фото: Pixabay

“Токсичните“ личности предизвикуваат негативно влијание во вашето функционирање и напредок и затоа треба да се фокусирате на отстранување и избегнување на ваквите лица.

Токсични личности ѝ се спротивставуваат на логиката. Некои од нив не се свесни за негативното влијание што го имаат врз другите, а други уживаат во создавање на хаос. Како и да е, тие создаваат непотребна комплексност, кавги и стрес што е сериозна закана за вашиот успех. Еве како успешните личности успеваат да ги неутрализираат “токсичните“ лица, пишува Entrepreneur.

Поставување на граници

Негативните и незадоволните луѓе се “лоши вести“, бидејќи тие се обвиткуваат во нивните проблеми и не успеваат да се фокусираат на решавање на проблемите. Тие сакаат и другите луѓе да се чувствуваат лошо за да им биде подобро. Луѓето обично се чувствуваат под притисок кога некој постојано им се жали, а не сакаат да делуваат невнимателно и грубо.

Ваквата ситуација може да се избегне со поставување на граници и дистанцирање кога е потребно. Добар начин да поставите граница е да ја прашате незадоволната личност како планира да го реши проблемот. Таа или ќе замолчи или ќе ја смени темата на разговор.

Не се откажуваат во борбата

Успешните личности знаат колку е важно да се преживее и да се бори уште еден ден, особено кога вашиот непријател е “токсичен“.

happy

Не дозволуваат да се ограничи нивната радост

Кога вашето чувство на задоволство произлегува од мислењето на другите, повеќе не сте господар на сопствената среќа. Кога емоционално интелигентните луѓе се чувствуваат добро за нешто што го направиле, тие не дозволуваат врз нив да влијаат забелешки и мислења од другите.

И покрај тоа што е невозможно да ги исклучите вашите реакции за она што другите мислат за вас, вие не треба да се споредувате со другите. Без разлика што “токсичните“ личности мислат или прават, вашата самопочит доаѓа од внатре.

Не се фокусираат на проблемите, туку во пронаоѓање на решенија

Кога се фокусирате само кон проблемите, создавате негативни емоции и стрес. Кога преземате акција за решавање на проблемите, создавате чувство на лична ефикасност што произведува позитивни емоции и го намалува стресот. Кога станува збор за “токсични“ личности, обидете се да се фокусирате на тоа како ќе се справите со нив, наместо да размислувате колку е “токсична“ личноста.

email