Секој работодавач сака тим од вредни работници кои секој ден доаѓаат фокусирани на работа подготвени да ја извршат зададената задача. Сепак, постои тенка граница помеѓу продуктивноста и исцрпеноста, а линијата се преминува кога вработените веруваат дека треба да работат и по завршувањето на работното време за да напредуваат. Затоа потребно е менаџерите да создадат средина каде вработените ќе се чувствуваат ценети за нивната работа, а не исцрпени и фрустрирани. Постојат неколку начини со кои менаџерите може да создадат  атмосфера каде вработените нема да чувствуваат дека треба да се “прегорат“ од работа, пишува Entrepreneur.

2

Транспарентен начин за следење на напредок

Факт е дека повеќето вработени не знаат што се очекува од нив на работа. Во една анкета, на 50% од испитаниците не им било јасно што точно треба да работат за да ја постигнат целта. Менаџерите треба да поставуваат јасни цели на вработените и да дискутираат со нив за очекувањата и напредокот. На тој начин може да се утврди дали требаат дополнителни часови работа.

Повратни информации за обемот на работа

Менаџерите не се секогаш во тек со обемот на работа на вработените и задачите што ги извршуваат. Бидејќи тие не ја извршуваат работата на вработените, може да биде тешко да утврдат колкав период им треба за работата да биде завршена. Затоа доколку побараат фидбек од вработените за обемот на работа, ќе може да се реши проблемот со временската рамка за завршување на поставената задача.

4

Признание и за мали достигнувања

Секој работник сака неговата напорна работа да биде ценета. Кога менаџерот ќе го признае неговиот труд, тогаш тој добива поголем елан за извршување на задачите, во спротивно исцрпеноста кај работникот ќе дојде до израз.

Добар пример

Една од основите на бизнис лидерството е примерот на однесување на менаџерот. Ако вработените го гледаат нивниот менаџер како напорно работи секој ден, тогаш поголеми се шансите и вработените да се однесуваат како него.

email