menager

Фото: Pexels

Ефикасното управување е важен дел од секој бизнис. Кога за прв пат ќе станете менаџер тоа може да биде позитивно и големо искуство. Управувањето не е лесно бидејќи бара многу вештини како комуникација, тренинг, мотивирање и слушање…

Ако сте унапредени во менаџер за првпат сигурно сте загрижени како ќе ја извршувате новата функција и кои се следните чекори коишто ќе треба да ги преземете во компанијата. Преминот од индивидуален учесник до менаџер е голем предизвик во вашата кариера. Овие неколку совети ќе ви помогнат успешно да се справите со новата улога која ја имате добиено.

Променете го вашиот фокус

Унапредени сте затоа што сте одлични во вашата работа. Пред да станете менаџер вашиот фокус бил самостојно извршување на задачите, но новата улога од вас бара да се грижите и да им помогнете на другите да ги завршат задачите најдобро што можат.

Оваа промена честопати е тешка за менаџерите почетници, но тоа е од клучно значење бидејќи однесувањето е поврзано со функционирање на тимот. Тоа значи дека ако вашиот тим не успее и вие не сте успеале. Ако успеат можете да земете кредитот, но мора да го споделите со останатиот дел од групата. Тимската работа е клучна за успехот.

Вие сте пример

Во добри и лоши времиња вие сте личноста која ќе треба да ги инспирира и да дава пример на членовите од тимот за тоа како да се однесуваат. Вредностите што ги демонстрирате, начинот на којшто се соочувате со неуспехот и начинот на којшто ќе истраете преку најголемите предизвици се смета за модел за тоа како другите ќе делуваат и ќе се однесуваат.

Комуникацијата е клучна

Членовите на вашиот тим не читаат мисли. Како менаџер треба јасно и доследно да комуницирате со нив. Поставувањето на јасни цели и очекувања е клучен дел од раководството. Ако вашиот тим не знае што сакате од нив не може да очекувате да ги исполнат задачите. Научете да ја објаснувате целта јасно и доследно.

email