businesswoman-2817567_960_720

Фото: Pixabay

Што треба да направите за успешна продажна презентација? Одговорот во продолжение.

Започнете со крајот

Прашајте го потенцијалниот купувач да си го замисли животот со веќе купен производ/услуга, односно да си ги визуелизира бенефитите. Ова треба да биде еден вид на дијалог помеѓу продавачот и купувачот. Секако, продавачот мора да запомни дека купувачот е во право и знае што е најдобро за него/неа. Не се обидувајте да го промените тоа.

Презентација скроена за публиката

Презентацијата мора да биде прилагодена за конкретна публика, односно за конкретна личност. Секое средство што ќе го користите, поврзете го на соодветен начин со компанијата/индивидуалецот. Покажете на најдобар можен начин како вашиот производ/услуга совршено одговора на нивните потреби.

Кратко и јасно

Не одолговлекувајте со презентацијата. Слушателите ќе изгубат интерес ако истата трае предолго и тогаш многу тешко ќе им го вратите вниманието. Фокусирајте се само на критичните точки, она што потенцијалниот купувач би го интересирало. Без непотребни зборови, кратко и јасно.

Конкретно решение

Она што купувачот сака да го чуе е решение на проблемот. Секоја друга нерелевантна информација е само одземање на време. Покажете дека се грижите за нив и презентирајте конкретна солуција. Во спротивно, презентацијата ќе се претвори во здодевен продажен состанок.

Информирајте се

Секогаш бидете добро информирани каде одите и со кого разговарате. Прашувајте што е можно повеќе прашања. Колку повеќе знаете, толку подобро ќе можете да ја изведете презентацијата и да го кажете она што е релевантно за потенцијалните купувачи.

email