lider

Фото: Pixabay

Емпатија значи способност да се разберат и споделат чувствата со друга личност. Емпатијата е клучна за успехот и има моќ да го трансформира начинот на којшто размислуваме, работиме, управуваме. За да ја здобиете оваа вештина поставувајте отворени прашања, уживајте во тишина, барајте приказни и емоции, но не судете и не претпоставувајте. Лидерството е грижа за другите. Тоа значи инспирација да преземат активности надвор од нивните способности, а емпатијата е основа на тие акции.

Во продолжение прочитајте како емпатичноста може да ве направи добар лидер.

Емпатијата поврзува

Кога се грижите за другите, создавате силна врска и подобро може да ги разберете нивните интереси и перспектива.

Емпатијата учи на присуство

Емпатијата значи внимателно слушање, фокусирајќи се на лицето пред вас. Како лидер вие постоите за да ја слушате, разберете, помогнете и поддржите личноста. Да се биде присутен значи да им дозволите на другите да имаат свој момент.

Емпатијата води кон разбирање

Не секогаш е лесно да се разбере зошто некој се чувствува или размислува на одреден начин. Луѓето често се однесуваат изненадувачки и може да ве остават без одговор. Но, целта на емпатичниот лидер не е да одговори, туку внимателно да слуша. Емпатијата овозможува да ги разберете другите без да осудувате или претпоставувате.

Емпатијата ги подобрува вештините

Демонстрирање емпатија е тешко, потребно е време и напор за да покажете разбирање. Кога станува збор за градење на тимови и стекнување доверба, потребно е да се интересирате за луѓето и да покажете грижа. Треба да бидете љубопитни и да им поставувате прашања за нивните предизвици и желби, а на овој начин ќе ги подобрите вашите вештини.

email