pazli

Фото: Pixabay

Поврзувањето со други луѓе за некого е природна особина, но сепак, оваа способност е под ваша контрола. Овие неколку совети ќе ви помогнат брзо да се поврзете со личностите кои ќе ги сретнете, пишува Entrepreneur.

Оставете добар прв впечаток

Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе во првите седум секунди од средбата одлучуваат дали ќе им се допаднете или не.

Првиот впечаток е поврзан со позитивниот говор на телото. Смејте се. Ако сакате да ве засака другата личност, насмевнувајте се додека разговарате.

Треба да бидете свесни за вашите гестови, изрази, тонот на гласот и контакт со очите. Позитивниот говор на телото овозможува подобра конекција. Како ќе се каже нешто е поважно од тоа што се кажува.

Не бидете површни

Разговорот со нова личност честопати е површен. Се обидувате да создадете убава слика за себе и се држите до сигурни теми за разговор и споделувате основни податоци за себе.

Но, ако навистина сакате да се поврзете со некого, раскажете за вашата страст. Tогаш голема е веројатноста и соговорникот да го стори истото. Поставете добри прашања коишто нема да бидат премногу лични. Ако вашиот нов соговорник се отвори пред вас, внимавајте да не зажали за тоа. Не бидете саркастични или критични кон него. Наместо тоа, потрудете се да го прифатите неговиот пристап кон животот.

Учете од другите

Ако сакате да се поврзете со другата личност, треба да ѝ покажете дека имате желба да учите од неа. Тој гест ќе овозможи личноста да се чувствува важно и врзана за вас.

Употребувајте го името

Името е суштински дел од вашиот идентитет. Истражувањата покажуваат дека луѓето се чувствуваат попријатно кога за време на разговорот се изговара нивното име. Ако го заборавите името, не се срамете повторно да прашате.

email