uspeh-neuspeh

Фото: Pixabay

Не постои човек кој во неговиот живот не се соочил со неуспех. Ако сте “паднале“ во минатото, тоа негативно искуство се обидувате да го избегнете во иднина, но треба да знаете дека неуспехот не секогаш е лоша работа што може да ви се случи.

Важно е да знаете како таа ситуација да ја претворите во лична предност. Неуспехот, како обид за правење нешто што на крајот не завршува како што треба, е само еден чекор во процесот на постигнување успех. Постојат неколку чекори што може да ги преземете и да го трансформирате неуспехот во успех, пишува Inc.

Утврдете зошто не сте успеале

Првиот чекор што треба да го преземете е да направите анализа зошто тоа ви се случило, тргајќи ги емоциите на страна и гледајќи објективно. Ако не можете да гледате на неуспехот објективно, побарајте мислење од други. Може да побарате помош од член во семејството или близок пријател, но не ги користете овие луѓе како извор на информации, освен ако тие навистина може да ви го дадат потребниот фидбек.

Бидете храбри во вашата потрага по одговори. Ако не сте го добиле унапредувањето кое сте го побарале од вашиот шеф, љубезно прашајте го зошто не сте избрани.

Претворете го поразот во победа

Наместо да го прифатите неуспехот и да продолжите понатаму, поминете некое време во размислување како во иднина сегашниот пораз да го претворите во победа. Одвојте време и соочете се со својата слабост и разгледајте ги сите опции. Обидете се да го искористите неуспехот да ви помогне да се движите напред.

Преземете акција

Не се плашете да се обидете повторно, а ако треба направете големи промени. Размислете во која насока би сакале да се движите во иднина и искористете ги добрите прилики.

Со преземањето на доследна акција ќе се движите напред во остварувањето на вашите цели. Клучот е да не гледате на неуспехот како на најлоша работа што ви се случила и искористете го искуството за обезбедите успех во иднина.

email