Пиењето чај е одраз на животниот стил кој открива желба за постојано истражување мириси и вкусови, во безброј варијанти. Под името чај, без никаква друга ознака или со ознака на земјата на потекло (кинески, руски, индиски, цејлонски) се подразбираат листовите и лисните пупки добиени од грмушката Thea sinensis, односно Camellia sinensis. Малкумина знаат дека зелениот и црниот чај се всушност листови од истата билка, Camellia sinensis, а се разликуваат според начинот на кој се обработени.

1

Благодетите на зелените и црните чаеви

Иако лекарите и нутриционистите постојано укажуваат на тоа дека на нашето тело секојдневно му е потребно големо количество течност, истражувањата покажуваат дека дури 80% од популацијата не се придржува кон ова. Само за потсетување: недостатокот од течност предизвикува симптоми на дехидратација и бројни непријатности, од главоболка и чувство на замор. Пиењето чај го спојува пријатното со корисното бидејќи, покрај потребните течности, обезбедува пријатен вкус и позитивни ефекти врз организмот.

2

Зелениот чај е богат со флавоноиди, кои имаат силно антиоксидантно дејство. Тие ги неутрализираат слободните радикали, кои се причинители за оштетувањето на клетките и за забрзаниот процес на стареење на организмот. Истиот полифенол е одговорен и за блокирање на дејството на некои фактори како што се разните канцерогени, ултравиолетовата светлина или веќе формираните метастази. Големиот број направени испитувања го докажуваат заштитното влијание на чајот кај некои видови рак. Истражувањата од страна на Министерство за здравство на Јапонија, имаат покажано значително намален број смртни случаи од рак, особено од рак на желудникот, во оние делови на земјата каде прекумерно се пие зелен чај.

3

Зелениот чај како чувар на срцето

Природните антиоксидантни својства на зелениот чај го штитат организмот од болести на срцето, бидејќи ги намалуваат ризичните фактори како висок холестерол, зголемени триглицериди и зголемен крвен притисок. Нивото на холестерол во крвта се намалува пропорционално со внесената количина зелен чај, а истражувањата покажуваат дека се снижува и систолниот притисок.

Зелениот чај ја спречува аглутинацијата на крвните плочки – тромбоцитите, со што се намалува и ризикот од појава на тромбоза.

4

Богат извор на витамини и минерали за здрави заби и борба против целулитот и масните наслаги

Зелениот чај содржи значително количество витамин Ц, исклучително јак антиоксиданс. Високата концентрација на витамин Ц во зелениот чај, му дава својство да го зајакнува имунолошкиот систем и да ги спречува негативните ефекти на слободните радикали во организмот, причинители на многу заболувања. Исто така, зелениот чај е богат со витамините Б1, Б2 и Е.

Зелениот чај е богат со флуор, значаен за окоскување и за цврстина на забите, помага да се спречи расипувањето на забите и при болестите на непцата. Редовното внесување флуор, ги штити забите од кариес. Само една шолја зелен чај содржи 0,3 до 0,5 mg флуор.
Зелениот чај помага и против целулитот, бидејќи ја ограничува апсорпцијата на маснотиите и ја поттикнува површинската циркулација. Тој е познат и како чај кој го помага слабеењето.

Можеби е необично, но зелениот чај дејствува инхибиторно и на зголемувањето на шеќерот во крвта, односно на наглото покачување на нивото на шеќер во крвта, поради што е корисен и за лицата со дијабетес.

Повеќе информации за палетата Зелени и Црни чаеви, како и за останатите производи од брендот GOOD NATURE, можете да најдете на www.goodnature.com.mk.

email