mravka-senka-pixabay

Фото: Pixabay

Порталот Fast Company побара од неколку извршни директори од различни индустрии да споделат лекции за водењето на бизнисот и кои се нивните цели за 2017 година. Ова се нивните совети:

Лекција број 1: Отсуството на лидерот може да помогне на тимот подобро да реагира на предизвиците

Лаура Вејдман Паверс, ко – основач и извршен директор на непрофитна организација CODE2040:

“Една од најубавите работи во 2016 година беше начинот на којшто раководството на CODE204 го подобри растот на организацијата. Шест месеци помагав на тимот којшто работеше за администрацијата на Барак Обама, а за тоа време секој во компанијата презема дел од моите одговорности со цел организацијата и понатаму да функционира. Знам дека за сите нас тоа беше искуство кое го измени начинот на којшто делиме одговорност, работиме заедно и ја зацврстуваме соработката“.

Лекција број 2: Научете да соработувате со луѓе кои размислуваат различно

Тристан Валкер, основач и извршен директор на компанијата за убавина и здравје Walker & Company Brands:

“Една од работите коишто ги научив во последно време е дека треба да се забави. Работиме на нешто за кое верувам дека ќе биде посебно и имаме тим којшто е многу добар. Развивме наш производ и пронајдовме наш пазар, а јас сум личност која секогаш сака да направи нешто важно и да ги унапреди постоечките услови. Бев уверен дека сите не се такви. Морате да бидете способни да управувате со луѓе кои размислуваат различно од вас. Морам да го докажам својот стил на раководење за да направам место за други стилови”.

Лекција број 3: Клучот на добро лидерство е да бидеш флексибилен

Џенифер Фицџералд, ко – основач и директор на онлајн осигурителна компанија PolicyGenius:

“Мене како извршна директорка на растечка старт – ап компанија, секоја нова година ми претставува предизвик во водењето на компанијата којашто ќе биде различна на крајот од годината во однос на она што била на почетокот. Се надевам дека мојата способност за лидерство ќе биде во чекор со растот на компанијата“.

Лекција број 4: Имајте јасна визија

Линден Тибетс, ко – основач и извршен директор на веб сервисот IFTTT:

Не можам да инспирирам некој што не може да ја објасни својата визија, односно не знаат во која насока се движат и зошто. Секојпат кога бевме во можност јасно да објасниме како ќе изгледа иднината на IFTTT, бевме на чекор до целта. Подготвен сум да потрошам време за да се осигурам дека она што ние го нудиме може да се разбере за неколку секунди“.

Лекција број 5: Соработувајте со вработените

Мајк Кагнеј, ко – основач и извршен директор на финансиската компанија SoFi:

“Сакам да поминам поголем дел од времето во канцеларија, во 2016 година многу патував. Ми недостасува времето поминато со вработените. Важно ни е да одржуваме искрен и отворен однос со сите во компанијата“.

Лекција број 6: Работи помалку, но подобро

Скот Харисон, основач и директор на непрофитната организација Charity: water:

“Сакам да работам помалку работи со поголема ефикасност и да го поминам времето далеку од канцеларија размислувајќи за иднината и решавање на проблемите со кои секојдневно се среќавам“.

Лекција број 7: Вработи внимателно, отпушти брзо

Мики Агравал, основач и извршен директор на старт ап компанијата Thinx:

“ Правилото по коешто ќе се водам е вработи внимателно, отпушти брзо. Описот на мојата работа не е да го трошам времето во едукација на вработените за работната етика, позитивен став и извршување на задачите. Мојата работа е да најдам луѓе кои веќе го имаат тоа во себе“.

Лекција број 8: Донесете вистинска одлука

Ариа Фингер, извршен директор на непрофитната организација Do Something:

“Ќе мора да донесам многу тешки одлуки. Tреба да знаете дека вистинските одлуки не се секогаш едноставни. Лидерите понекогаш треба да донесат одлуки коишто се добри за организацијата, но може да не бидат прифатени од поединци, и тоа е во ред“.

email