2015065592ef76de0b6Кога температурите ќе се искачат близу 40 степен, станува неподносливо. Сепак и покрај екстремно топлото време, мораме да продолжиме со секојдневните обврски. Единствено што може да направиме е да ги послушаме корисните совети што ги даваат стручните лица.

Еве неколку од нив:

Ролетните, венецијанките и завесите треба да се спуштат/затворат веднаш штом ќе почне да станува топло надвор.

Доколку не морате, не излегувајте помеѓу 11 и 16 часот во периодот кога е најтопло. Ако излегувате облечете лесна и светла облека, носете очила за сонце, капа или шешир и не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор.

Woman-in-wide-brimmed-hat-and-sunglasses-applying-sunscreen-at-beach-186957862-Credit-iStock-630x410

Ако сте дома, туширајте се, а доколку сте на работа секогаш кога ќе можете освежете го лицето со ладна вода.

Пијте течности за да останете хидрирани. Најдобар избор е водата и свежите сокови. Не претерувајте со кафето и одбегнувајте алкохол.

Можеби ќе ви звучи чудно, но лутата храна го лади вашето тело. Силниот вкус ќе приодонесе за дополнително потење и со тоа ќе ве излади на природен начин. Доколку лутото не ви претставува проблем, слободно зачинете го вашиот летен ручек со некое чили пиперче.

spicy-food1

Кремите за сончање, лосионите, тониците, кремите за лице и тело, па дури и парфемите чувајте ги во фрижидер. Тие ќе бидат доволно ладни, па кога ќе ги нанесете ќе добиете дополнителна свежина на вашето лице и тело.

Високите температури имаат негативен ефект врз сите, но сепак особено треба да внимаваат лицата постари од 65 години, хронично болните (срцеви и респираторни заболувања), лицата кои имаат проблеми со мобилноста, бебињата и малите деца, и оние што се физички активни.

email