drinks-2578446_960_720

Фото: Pixabay

Пред вас е важен настан за вмрежување и треба да се покажете во најдобро светло. Сепак, не сте од оние што лесно пристапуваат на непознати, ги немате најинтересните приказни и анегдоти за споделување… едноставно треба да започнете од нула.

За да избегнете непријатни моменти во продолжение има неколку совети што ќе ви помогнат да бидете личноста со која сите ќе сакаат да зборуваат.

Реформулирање на целта на настаните

Настаните за вмрежување треба да ги гледате како можност за градење на значајни врски со останати професионалци од кои може да научите нешто и со кои може меѓусебно да си помагате.

Играње на улоги

Ако сте нервозни пред настанот, обидете се да глумите дека сте некој друг, разговарајте со пријател како да е некој непознат и претставете се на соодветен начин.

Без заобиколувања

Кога треба да кажете кои сте и со што се занимавате, направете го тоа во две до три реченици. Оставете ги деталите за подоцна откако ќе биде скршен мразот. Во спротивно, луѓето ќе изгубат интерес.

Покажете искреност и интерес

Секогаш имајте спремено неколку прашања. Интересирајте се соговорникот, од каде е, што работи, дали има хоби и слично. Со тоа ќе покажете дека не размислувате само во насока на бизнис.

Поставете си цел

Пред настанот поставете си цел колку луѓе сакате да запознаете, односно колку визит картички ќе поделите и држете се до тоа. Не заминувајте додека не го остварите замисленото.

Посветете внимание на изгледот

Изгледајте професионално, внимателно одберете ја облеката. Не дозволувајте да изгледате несмасно, ниту пак да се чувствувате неудобно. Она што го носите нека ви дава самодоверба.

email