ramstore-guzva3

Време е за револуција наречена Garage Sale во Рамстор Мол каде што ќе можете да купите, евтино, шик и квалитетно по ниски цени. Попустите од 50 до 70% се најдобра можност за да ја обновите вашата облека и аксесоари.

Скапо купените парчиња облека не се одраз на стилот. Не е лесно да се облечеш убаво, со стил, а при тоа да не потрошите многу пари. Меѓутоа ние ви откриваме дека и со малку пари може да бидете женствени и гламурозни. Многу е важно работите кои ќе ги облечете да бидат квалитетни, да прилегаат на вашата фигура и да знаете како да ги носите.

Ви даваме осум совети коишто ќе ви користат за време на Garage Sale, како да заштедите пари, време и да уживате во купувањето.

  1. Ние ви советуваме да поминете низ продавниците во Рамстор Мол, внимателно да ги разгледате колекциите што ви ги нудат вашите омилени брендови. Разгледувајте, пробувајте и секако на висок попуст купувајте ги.
  2. Направете список на сè што ви треба, бидејќи така полесно ќе знаете што да барате и кои ви се приоритетите.
  3. Тргнете во купување со вашата пријател/ка така што меѓусебно ќе можете да се советувате околу изборот на добро парче облека или аксесоар.
  4. Исто така, бидете сигурни дека парчињата кои ги купувате се лесни за комбинација, како на пример квалитетна бела кошула, палто коешто е изгледа како да е направено за вас, мал црн фустан, фармерки или панталони што ви стојат совршено, кожна јакна или црни затворени чевли се само некои од работите кои нема да зажалите доколку ги купите. Се работи за одлична модна инвестиција и ќе бидете супер облечени во секоја прилика.
  5. Трендовите брзо се менуваат, па купување за време на Garage Sale е одлична прилика да бидете во тренд со помалку пари и да не се нервирате доколку следната сезона некое парче облека не е повеќе во тренд. Подобро пронајдете поевтина варијанта, а другиот дел од парите издвојте ги за нешто што не поминува од мода така брзо.
  6. Пред да тргнете на Garage Sale добро размислете што ви треба. Пред да ве понесат ниските цени, поставете си три прашања: како можам да искомбинирам, имам ли слично парче и колку најмногу би платила.
  7. Попустите на Garage Sale се идеално време кога ќе можете да ја збогатите својата колекција модни додатоци како на пример, тренди марама, интересен колан, накит, шал или моден украс за коса, бидејќи сите модерни дами ќе ви кажат дека со неколку модни детали ќе бидете впечатливи дури и во најобичната модна комбинација.
  8. Најважно од сè, пред да тргнете во шопинг одредете го вашиот буџет.

Рамстор Мол ви дава прилика советите да ги примените во пракса. Со црвено забележете ги датумите и останаа уште неколку дена до 23-ти август и не ја пропуштајте можноста да уживате во шопинг низ сите продавници во Рамстор Мол каде ве чекаат големи попусти.

email