action-2277292_960_720

Фото: Pixabay

Пријателството е одлична работа. Сепак, на работното место треба да постојат одредени правила.

Јасни правила уште од првиот ден

Пријателство помеѓу колеги на работа може да биде добро за целокупниот перформанс, но вработен и претпоставен не би требало да ја имаа истата поврзаност. Експертите велат дека најдобро е да се постават јасни граници и правила помеѓу вработените и шефот. Сепак, тоа не значи дека комуникацијата би се свела само на бизнис. Лидерите треба да ги водат вработените, да имаат отворена комуникација со нив, да помогнат доколку треба, но сето тоа да биде изведено на максимално професионален начин.

Без фаворизирање

Менаџерите се на една страна, вработените на друга. Работат за иста компанијата, но секој има своја улога. Ако претпоставените премногу се опуштат и зближат со одредени вработени, останатите со сигурност ќе забележат. Без разлика дали шефот тоа го направил намерно или едноставно такви биле околностите, другите членови од тимот ќе бидат незадоволни. Ова може само да го поткопа авторитетот и да предизвика гнев. Лидерот треба да е објективен и сите да ги третира подеднакво.

Максимална поддршка за вработените

Секој сака шеф кој ги охрабрува и поддржува вработените во нивната работа. Претпоставен кој дава јасни насоки што и како треба да се направи. Ако шефот им помага на членовите од својот тим да ги исполнат обврските, без сомнение ќе има авторитет кај вработените. Работниците ќе бидат попродуктивни, а тоа ќе влијае на целокупниот успех.

Човек достоен за почит

Кога претпоставениот е сечиј пријател, не може да биде почитуван на адекватниот начин. Истражувањата велат дека вработените повеќе ценат човек кој ќе им служи за пример, отколку другар. Популарното мислење дека строгиот шеф не ужива почит не е сосема точно. Коректниот однос и јасните граници многу повеќе ќе придонесат вработените да го ценат претпоставениот. На крајот на денот, луѓето ги почитуваат оние лидери кои сериозно си ја сфаќаат работата и улогата. Омилениот шеф точно знае кога може да се опушти со останатите членови од тимот, но и кога да повлече линија.

Извор Inc.

email