j

Фото: Youtube

KFC ресторан во Хангжу, Кина тестира нов систем за наплата што ги користи цртите на лицето на купувачите, пишува Mashable. Сè што треба клиентот да направи за да ја земе нарачката, е да застане пред камерата и да се насмее.

Новиот метод за наплата се нарекува Smile to Pay и е креиран во соработка со Alipay, популарната онлајн платформа за плаќање, дело на кинескиот конгломерат Alibaba. Од компанијата велат дека на технологијата за препознавање ѝ се потребни само две секунди за да го скенира лицето на купувачот, а за таа цел користи 3D камера и алгоритам за детекција на измама.

За потврда на нарачката, клиентите треба да го внесат и бројот од својот мобилен телефон. Иако изгледа малку чудно, на овој нов начин на наплата Alibaba работи веќе со години. Претседателот Џек Ма пред две години демонстрираше некои од основните технологија на IFA саемот во Германија.

Минатата година, кинескиот огранок на KFC склучи партнерство со Baidu за да отвори паметни ресторани каде што преку ликот, возраста, полот и расположението на купувачот апликација ќе предложува што тој/таа да нарача.

email