prodavnica-sarena-pexels

Фото: Pexels

Постојат неколку клучни навики за продажба што треба да ги развиете како експерт за продажба. Тоа се воспоставување на односи, идентификување на потребите, презентација на решенија, одговарање на приговори и затворање на продажбата. Развивање на сите овие елементи во процесот на продажба и како секој од нив може да е водич за зголемување на приходите.

Наоѓање на идеални клиенти

За да успеете во продажбата, мора да потрошите повеќе време во наоѓање на клиенти кои ќе го купат вашиот производ или услуга.

Фокусирање на врските

Втора навика за успех во продажбата е фокусирање во градење на врска со клиентите. Насочете се кон градење на доверба и кредибилитет уште при првиот контакт. Успешниот продавач секогаш се труди да воспостави доверба кај клиентите. Поставува добри прашања и внимателно ги слуша нивните одговори. Тој се обидува да ја разбере ситуацијата и потребите на клиентот пред да започнат да зборуваат за нивниот производ или услуга.

Јасно идентификување на потребите

Трета навика на добриот продавач е тоа што тој секогаш поставува прашања преку коишто ги идентификува вистинските потреби на клиентите.

Убедлива презентација

Подгответе одлична, логична и добро осмислена презентација. Со убедлива презентација му покажувате на клиентот зошто треба да го користи вашиот производ или услуга.

Ефективни одговори

Секогаш бидете подготвени да одговорите на приговорите и проблемите со коишто ќе се соочи клиентот. Бидете подготвени кога ќе се соочите со приговори преку развивање на логички и комплетни одговори.

Побарајте одлука

Шестиот дел од продажбата е развивање на навика да побарате од купувачот да донесе одлука за купување. Без оглед на тоа колку е добра презентацијата или колкаво ниво на доверба и кредибилитет постои меѓу вас и клиентот, секогаш постои стрес или напнатост при одлуката за купување. Делувајте брзо и побарајте клиентот да ја каже неговата одлука и да ја затворите продажбата.

email