executive-2975480_960_720Фото Pixabay

Жените уриваат рекорди на листата на Forbes за 2018 година, ги има вкупно 256, а богатството им е проценето на околу 1.000 милијарда долари што е за 20% повеќе во споредба со изминатата година.

Меѓу десетте најбогати има жени од разни профили на бизниси. Како најдоходовни се покажале малопродажбата, бизнисот со козметика и автомобилите, па дури и бизнис со чоколади и рудници.

Најбогата жена на светот е Алис Волтон, ќерка на основачот на американската компанија Walmart Сем Волтон. Проценето е дека има имот во вредност од 46 милијарди долари. Walmart е најголема американска и светска компанија за трговија и поседува најголем синџир на малопродажба.

Втора на листата е Франсоа Бетенкур Маерс, наследничка на козметичкиот гигант L’Oreal. Нејзиниот имот е проценет на 42,2 милијарди долари.

“Бронзата“ на листата ја држи Сузан Катен, која е наследничка на уделот во автомобилскиот гигант BMW со 25 милијарди долари на сметка.

Четвртото место годинава и припадна на Жаклин Марс која се занимава со производство на храна. Таа е сопственичка на светски познатиот бренд за чоколади Mars. Нејзиното богатство тежи 23,6 милијарди долари.

Петото место го држи Јанг Хуијан од Кина, која работи со недвижнини и од нив лани имала приход од 21,9 милијарди долари.

Шеста на листата е Лорен Пауел Џобс, која има акции во Apple и Disney Богатството и е проценето на 18,8 милијарди долари. Сопруга му беше на Стив Џобс.

На седмото место е Џина Рајнхарт со 17,4 милијарди долари, таа се занимава со рударски бизнис во Австралија.

Дека работата со рудниците е доходовна, доказ е и Ирис Фонтбона од Чиле. Таа се наоѓа осма на листата со богатсво вредно 16,3 милијарди.

На девето место е Абигејл Џонсон од САД, која се занимава со финансиски менаџмент и “тежи“ 15,9 милијарди.

Последното, десетто место е во рацете на Шарлин де Карваљо која стои позади данскиот бренд за производство на пиво Heineken. Нејзиното лично богатство изнесува 15,8 милијарди долари.