berza-dzvonce

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Фершпед се топ три најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во текот на ноември, покажува Месечниот статистички билтен.

Со акциите на Комерцијална банка се направени 183 трансакции, што е 30,16% учество во вкупниот промет. Потоа следат хартиите од вредност на фармацевтската компанија Алкалоид со 131 трансакција и 9,44% удел во вкупниот промет на официјалниот пазар. Трети најтргувани се акциите на Фершпед со четири трансакции или 8,62% од вкупниот промет во ноември.

Најголем пораст во текот на минатиот месец забележаа акциите на: Јака 80 Радовиш (472,73%), Централна кооперативна банка (30%), ТТК Банка (13,87%), Хотели Метропол Охрид (7,54%) и РЖ Техничка контрола Скопје (4,65%).

Од друга страна, најголем пад имаа овие пет хартии од вредност: Струмица Табак (-83,33%), Технометал Вардар (-68,93%), РЖ Услуги (-25,12%), Бетон Скопје (-13,64%) и Винарска визба Тиквеш (-12,58%).

Пазарната капитализација во ноември достигна вредност од 135.684.629.990 денари или 0,96% помалку во однос на октомври оваа година. Кај прометот, што се позиционираше на 755.760.994 денари, е забележан пораст од 52,67%. Во текот на минатиот месец на берзата се реализирани вкупно 1.090 трансакции што е за 10,44% помалку во однос на октомври оваа година. Индексот МБИ10 беше на ниво од 2.543,55 поени односно 3,04% помалку во споредба со претходниот месец.

email