toysФото: Pexels

Компанијата Koala Paintings од босанскиот град Тешња ги проширува своите капацитети и бара нови 50 работници за работа во новиот погон на фабриката во индустриската зона Буква, пишува BiznisInfo.ba. Како што велат од компанијата работно иксуство не е потребно.

Во погонот на фабриката што се простира на 3.500 m2 се произведуваат играчки што се извезуваат на странскиот пазар, а во моментов таму работат околу 350 млади луѓе.

Koala Paintings е основана во 2006 година во Тешња, Босна. A, освен производство на играчки, на потрошувачите им нуди услуги за обработка на пластика, ултразвучно заварување, транспортни и шпедитерски услуги.

Компанијата соработува со светски познатите Playmobil, Comansi, DB, IMC Toys, Michelin, Mann+ Hummel. Сепак, нивните производи не можат да се купат во Босна и Херцеговина, туку само во државите од Европската Унија и САД.