Американската кондиторска компанија Mars го купува ланецот на ветеринарни амбуланти VCA за 7,7 милијарди долари, пишува Bloomberg.

Производителот на бонбони M&M и Snikers чоколади, Mars, ќе плати 93 долари по акција, што е премија од 31% во однос на цената на акциите на VCA од 70,77 долари на затворање на берзата минатата недела.

Со оваа аквизиција Mars ќе стане доминантна компанија меѓу ветеринарните амбуланти во приватна сопственост, секторот што забележа голем раст во последните неколку години.

Преземањето може позитивно да влијае врз актуелните брендови за храна на компанијата за домашни миленици Pedigree и Whiskas.

email