konkurs20172

Фото: НБРМ

Народна банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување, објавуваат конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, стои во соопштението на НБРМ.

Првата тема е под наслов: Штедење – И јас умеам да штедам, а втората е Осигурување – Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството.

Крајниот рок за доставување на творбите е 16-ти октомври оваа година.

За избраните најдобри творби (цртеж или песна) на учесниците ќе им бидат доделени 24 награди и тоа: по шест награди за најдобар цртеж во двете категории и по шест награди за најдобра песна во двете категории. На авторите на најуспешните творби ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000 денари со депонирање на паричниот влог во банка по нивен избор.

email