razgovaraat-pexels

Фото: Pexels

Во секојдневниот живот се соочуваме со разноразни комуникации. Сите тие најчесто би требало да завршат со некаква поента или дефинирање на следни чекори. Но, за жал, голем број комуникации завршуваат со недефинирани ставови или недоречености.

Едно е многу јасно, што и да правиме, секој разговор треба да знаеме дека започнал поради нешто и треба да заврши со нешто. Тој крај е она што ги дефинира следните чекори и насоки на делување, но и односи помеѓу тие што комуницираат. Имајќи го ова предвид, крајот на разговорот е посебно е важен и треба да му се даде посебно внимание, најчесто кај разговорите коишто се со тензична и напната динамика.

Нема некоја магична формула како да се стави крај на некој разговор, но дека треба да се биде екстра внимателен, треба! Сакам да споделам неколку совети, како да го сведете некој разговор при крај, а при тоа да не го навредите соговорникот:

Имајте јасна агенда/цел – имајќи јасна цел, ви дава мотивација што сакате да постигнете од разговорот и кога сакате да го прекинете.

Дефинирајте време уште на почетокот – убаво е ова да се каже, но тешко е да се спроведе. Но, ако на самиот почеток, во зависност од вашата положба и ситуација, кажете и дефинирате дека имате толку и толку време за овој разговор, тогаш сте во позиција, откако ќе измине тоа време, да кажете дека мора да привршувате.

Затишје во разговорот – „ОК”, „дооообррооо”, „Значи” итн., се зборчиња кои се користат кога разговорот е со некаква слаба динамика. Тоа значи дека е прав момент да го привршувате разговорот.

Враќање на разговорот на почеток – ако видите дека разговорот отишол предалеку, вратете го на првичната идеја, што пак може да ви помогне да го завршите разговорот.

Запознавање со други – доколку ви се укаже можност, личноста со која сакате да го завршите разговорот на мирен и безболен начин, можете да го запознаете со некоја личност. Така ќе може да го затворите разговорот и да отидете во некоја друга насока или, пак, побрзо да ги дефинирате следните чекори.

Менување на тема – промена на тема, некоја која можете побрзо да ја затворите може да ви помогне во тоа како да го прекинете разговорот. Тоа ќе ви помогне за крај на разговорот, но на крај дефинирајте го она што сте го зборувале.

Инволвирање на други – доколку разговорот има лош тек, убаво е да инволвирате други или да дадете насоки за продолжување подоцна на истата тема, но и во присуство на други луѓе.

– И како за крај: употребете реченици за крај на разговорот – едноставно, доколку се од погоре напишаното или тоа што не е напишано не ви помогне, тогаш затворете го разговорот. ДА, колку и да звучи грубо, разговорот мора да се затвори.

Со успех во промените

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.

email