14364839_1118296851611627_3110163442817781133_n

Фото: Facebook

Кралската банка на Шкотска, објави нето профит од 752 милиони фунти за 2017 година, што претставува прва годишна добивка по една деценија, пренесува Independent.

Резултатот ги надмина очекувањата на аналитичарите од 592 милиони фунти поради загубата од 6,95 милијарди фунти претходно, кога банката беше погодена од трошоци за реструктуирање.

Банката и понатаму останува 72% во сопственост на владата на Велика Британија, откако добила финансиска помош од 45,5 милијарди фунти.

Пред тоа, Кралската банка на Шкотска беше една од најголемите малопродажни банки во светот, со биланс на состојба од околу 2,2 илјади милијарди фунти – вкупно, што оттогаш падна на 750 милијарди фунти.