solgaard-lifepack-suitcase-shelving-system-designboom-800x1000

Фото: Solgaard

Дизајнерскиот тим на Solgaard креираше куфер со патентиран систем на полици во внатрешноста. Куферот е направен од издржлива поликарбонатна школка во црно-црвена боја со алуминиумска рамка. Има систем на заклучување, високо квалитетни тркалца и мека рачка.

Кога ќе се отвори куферот и ќе се подигне рачката, може да се закачи полицата со шест џебови што придонесува за максимална ефикасност и искористеност на просторот. Системот на полици може да се користи или да се отстрани од куферот во зависност од потребите на корисникот.

Неговата висина изнесува 54,8 сантиметри, а широк е 36,3 сантиметри. Куферот од линијата Lifepack на Solgaard е одобрен за патување од сите авиокомпании.

email