Постојат прекрасни куќи сместени во карпи коишто овозможуваат драматични пејзажи. Inhabitat состави листа на неколку вакви куќи изградени на места каде претходно немало градби.

Casa del Ancantilado

bartolome

Оваа куќа сместена во карпа закопана во ридот Салобрена во Шпанија е дизајн на Жил Бартоломе. Куќата изгледа како змеј кој излегува од стрмната падина и има поглед кон Средоземното Море.

Till House

till

Архитектите од студиото WMR Arquitectos ја дизајнираа оваа куќа за двојка во Чиле, која сакала убав скриен дом сместен на врвот на карпа со поглед кон Тихиот Океан. Изградена е од дрво и се напојува со соларна енергија.

Casa Brutale

brutale

Cтудиото OPA стои зад овој необичен концепт на куќа. Идејата е за изградба на Casa Brutale да се користат едноставни материјали, како што се дрво, стакло и бетон, со фокус на Егејското морето и недопрената природа.

Cliff House

klif

Архитектите од MacKay-Lyons Sweetapple Architects  дизајнираа куќа во Канада којашто изгледа како да е подготвена да излета од карпата. Делумно проектирана надвор од карпестиот рид, минималистичката кабина е изградена од дрво, има многу прозорци со што се зголемува природната светлина и поглед кон атлантското крајбрежје.

Triangle Cliff House

triag

Германскиот архитект Матијас Арндт е дизајнерот на куќата триаголник, којашто сè уште е само концепт. На куќата од трите страни ќе бидат поставени прозори за да се долови пејзажот на околната природа.

email