4

Фото: Indiegogo

Cam Toy е француски старт – ап којшто развива автономни решенија за домашни миленици. Преку уредот Laika корисникот ќе може да го гледа, зборува, игра и награди кучето преку користење на паметен телефон без разлика каде се наоѓа.

“Нашата амбиција е да го подобриме секојдневниот живот на домашните миленичиња и чувството на вина на сопствениците дека ги оставаат сами дома. Уредот е пренослив, автономен, интелигентен и ќе го промени животот на вашето куче“, велат од компанијата.

Поставен е на платформата за групно финансирање Indiegogo од каде треба да собере 40.000 долари. До крајот на кампањата има уште еден месец, а веќе се собрани 49.527 долари.

email