Тим од научници од Кралскиот колеџ во Велика Британија развија нов метод којшто со помош на лек за Алцхајмерова болест ќе се регенерираат ќелиите на забната пулпа, пишува Sci news.

Станува збор за лекот Tideglusib со чија помош забите би можеле сами да се “поправат“.

“Едноставноста на нашиот пристап го прави да биде идеален клинички производ за природно третирање на големи шуплини на забите, во исто време овозможува заштита на пулпата на забот и регенерирање на дентината“, вели професорот Пол Шарп.

Стоматолозите користат вештачки цемент или пломби за да се затворат шуплините во забите. Со помош на овој лек би можеле да се стимулираат матичните клетки содржани во пулпата на забот и да се генерира нова дентина.

email