Serbia

Фото: Lesaffre

Француската компанија Lesaffre ја купи фабриката за квасец на Atlek во Сента, стои во официјалното соопштение.

Atlek ќе го смени името во Biospringer RS и ќе продолжи да произведува пекарски квасец за српскиот пазар и екстрати од квасец за прехранбената индустрија и индустријата за сточна храна.

Генералниот директор на Altek, Олрик Блејк е убеден дека Lesaffre како експерт во своето поле ќе ја однесе компанијата на едно повисоко ниво и ќе ѝ обезбеди сигурна и долгорочна иднина. Во меѓувреме Altek ќе продолжи да се занимава со својата основна дејност.

“Ова купување на фабриката, ќе го зајакне нашето присуство на пазарот на екстракти од квасец. Сега со осум фабрики ширум светот (западна и источна Европа, Кина, САД, Бразил), сме уште повеќе посветени и ги исполнуваме специфичните потреби на нашите купувачи”, вели генералниот директор на Lesaffre, Антоан Бол.