app

Фото: Sony

Lifelog апликацијата на Sony на корисниците им нуди анализа на храната вклучувајќи броење на калориите преку анализа на фотографија, пишува Irish Examiner.

Корисникот треба да ја фотографира чинијата со храна, а апликацијата ќе пресмета колку калории ќе внесе со тој оброк. Апликацијата ќе ги чува сите податоци и ќе му помогне на корисникот да направи план за исхрана и диета.