lighthouse_product_1_front-2-1-500x500

Фото: Lighthouse

Lighthouse е безбедносна камера што може да ги препознае членовите на фамилијата, да ви даде известување кога некој непознат е во вашиот дом, но и да разбере прашања како на пример: Дали шетачот на кучиња дојде денеска?

Наменета е само во затворени простории. Функционална е и ноќно време, има безбедносна сирена, микрофон и може да снима со високо квалитетна резолуција.

Камерата е поврзана со интернет и има 3D сензор што може да креира целосна мапа на собата. Вештачката интелигенција со помош на која функционира камерата препознава различни лица и може да одреди дали станува збор за личност или за домашно милениче.

Lighthouse е компатибилна со апликации на Android и iOS каде можете да ја следите камерата во живо, да ги прегледувате снимките од изминатите 30 дена, да поставувате прашања. Можете да прашате дали некој го прошетал кучето денеска и камерата ќе ви прикаже снимка од кучето како излегува или влегува во домот. Уредот ќе ги препознае лицата на вашите деца и може да ви даде известување штом тие ќе пристигнат дома. А ако идентификува личност што никогаш не ја снимала порано во вашиот дом, веднаш ќе ве алармира.

Lighthouse камерата може да се купи по цена од 300 долари.