knigi

Во португалскиот село Обидос се наоѓа хотел каде љубителите на книжевноста би можеле да се задржат подолго од планираното. Literary Man хотелот има библиотека која брои 45.000 книги што им се на располагање на гостите, но исто така може и да се купат.

obidos-gotvenje

Книги од разновидни жанрови има насекаде во хотелот – во собите, ресторанот и местата за релаксација. Пијалоците во барот се именувани по литературните легенди, а низ собите како декорација се поставени страници од книги.

obidos-pojadok

Хотелот отворен во октомври минатата година располага со 30 соби, а целта на сопственикот кој порано бил градоначалник во Обидос, е да собере 100.000 книги до крајот на наредната година.

obidos-relax-soba

Селото старо 700 години, минатата година беше прогласено за град на книжевноста од страна на UNESCO.

email