piccadilly-circus-926802_960_720Фото: Pixabay

Популарната лондонска раскрсница Piccadilly Circus доби нов дигитален билборд што користи технологија на препознавање и прикажува реклами според целната група минувачи или возила, пишува Dezeen. Технологијата ги препознава моделите, годината на изработка и боите на автомобилите, како и возраста и полот на пешаците.

Екранот, што е долг 44,6 и широк 17,5 метри, беше поставен на 26-ти октомври и заменува шест одделни екрани коишто претходно стоеја на зградата. Неговата резолуција изнесува 11 милиони пиксели и е најголем од ваков тип во Европа.

Вградените камери и алгоритамот во билбордот детектираат одредените карактеристики кај автомобилите и луѓето. На пример, доколку во моментот поминува група жени тој ќе прикаже реклама наменета за таа целна група. Технологијата реагира и на промена на време, прикажува одредени вести, спортски извештаи, како и социјални и медиумски новости.

Компанијата што стои зад овие дигитални билборди е Landsec.

email