lv

Фото: Louis Vuitton

Француската луксузна модна куќа Louis Vuitton го претстави својот прв паметен часовник Tambour Horizon, пишува Business Insider. Часовникот работи на Android Wear 2.0 оперативен систем, а неговата цена изнесува од 2.450 долари, па нагоре.

Верзијата на Tambour Horizon од нерѓосувачки челик чини 2.450 долари. Исто толку чини и верзијата наречена “графит“. Црната верзија на часовникот од нерѓосувачки челик изнесува 2.900 долари. Во понуда се 60 различни видови ременчиња, а корисникот може да користи многу апликации од Google Play.

Од Louis Vuitton велат дека е водоотпорен до 30 метри.

Покрај стандардните функции на паметните часовници (како повици, пораки, мејлови), на сопственикот му овозможува да го следи распоредот на авионски летови и одложувања и овозможува следење на времето и температурите за различни временски зони.

email