lukЛУКОИЛ Македонија опреми четири детски градинки со прочистувачи за воздух во општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Карпош, а како велат од компанијата ваквата донација ќе продолжи и во иднина за да се опфатат што поголем број на градинки и да им се овозможи поздрава средина на децата.

“Свесни сме за тежината на проблемот со загадениот воздух со којшто Скопје секоја година се соочува и како одговорна и сериозна компанија којашто совесно работи и се грижи за средината нашата задача е да обезбедиме еколошки горива што ја штитат околината и при секоја отворена можност да помогнеме онаму каде е потребно. Затоа решивме да донираме прочистувачи на воздух за детските градинки во општините што се најпогодени од загрижувачкото ниво на загаденост. На овој начин би сакале да дадеме скромен, но значаен придонес во создавањето подобри услови за најмалите”, изјави регионалниот управител г-дин Андреј Куку.

Како компанија којашто се занимава со продажба на горива ЛУКОИЛ Македонија ја разбира одговорноста што ја има пред општествената заедница, па затоа, една од приоритетните задачи и стратешки цели е одговорно да се грижи за животната средина, да го помогне економскиот развојот, социјалната стабилност и  рационалното користење на природните ресурси.

На официјалното доделување во градинката “Пролет”, објект: “Сончогледи”, во  Влае, којашто е дел од оваа донација, присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

“Со тоа што оваа општествено – одговорна компанија се одзва на повикот за донирање на прочистувачи, само уште еднаш ја потврдија својата грижа за локалната заедница. Во периодот кога загадувањето на воздухот во Општина Карпош и Градот Скопје, претставуваат сериозни проблеми, оваа донација обезбедува почист воздух за дел од најмладите карпошани, кои се нашата иднина. Ги повикуваме и другите компании да се придружат во оваа акција за справување со загадувањето и заштита на здравјето на најмладите”, изјави Богоев.

На настанот беа присутни и претседателот на советот на Општина Карпош, и директорката на градинката Вита Јаковлевска која изрази зборови на благодарност.

ЛУКОИЛ Македонија, покрај општествената одговорност ги следи потребите за нови, поусовршени и високо-квалитетни еколошки горива што се пријатели на животната средина. Како резултат на овие заложби тие на пазарот ги нудат еколошките ЕКТО горива кои како петта генерација ги задоволуваат највисоките европски стандарди.