airport-2373727_960_720

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2018 година изнесува 49.347, а бројот на ноќевањата изнесува 107.324.

Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 14,2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 22,1%. Бројот на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 50%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20,9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 11,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 32,0%. Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4,4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,5%.