makedonija-turist-580x162

Македонијатурист во текот на деветте месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 83.367.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани, компанијата оствари 90.586.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември оваа година изнесуваа 226.881.000 денари, додека истиот период во 2016 година тие беа на ниво од 233.190.000 денари.

Основна дејност на компанијата е хотелиерство и угостителство.

email