kkМакедонски Телеком и Град Скопје, денес ја предадоа донацијата од два медицински апарати на Инситутот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Донацијата е реализирана со пренамена на средствата коишто беа планирани за прославата за Нова година и е во износ од 10.000 евра.

“Донесовме правилна одлука, заедно со Градот Скопје – да ги пренамениме средствата планирани за прославата,  за донација на  медицински апарати, со кои ќе се подобри здравјето и квалитетот на живот на децата. Го избравме Козле, зошто е единствена институција  од ваков тип во земјата, каде дневно се прегледуваат над 200 деца, од најрана возраст“, изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

“Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на Град Скопје. Ја користиме секоја прилика  безусловно да придонесеме за  унапредување на  квалитетот на животот на најмладите. Затоа одговорно ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје“, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Донацијата ја прими медицинскиот директор д-р Ангелчо Андоновски, кој се заблагодари и истакна дека со апаратите ќе се подобри дијагностиката, ќе се намали времето на чекање и ќе се овозможи терапија за поголем број на пациенти.

Болницата за белодробни заболувања кај децата – Козле е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни заболувања кај децата. Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите. Институтот годишно згрижува 39.000 деца, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски.