magenta-1_football

Овој месец, Македонски Телеком слави 100.000 Magenta 1 корисници и по тој повод сите Magenta 1, Smart  и Cool корисници добиваат подарок: двојно повеќе 4G мобилен интернет до крајот на годината, стои во соопштението.

Magenta 1 ги обединува најдобрите комуникациски и ТВ услуги, на едно место и за целото семејство. Корисниците можат да го состават пакет од мобилни услуги, фиксен интернет и телевизија според своите потреби.

За целосно уживање во спортот, Македонски Телеком го вклучува и Sport HD ТВ пакетот во сите Magenta 1 пакети. Отсега и корисниците на Magenta 1 ТВ S ќе можат да уживаат во Sport HD каналите, доколку склучат договор на две години во промотивниот период од 11-ти септември до 15-ти октомври 2017 година. Со оваа понуда корисниците можат да одберат и Samsung смартфони или 40-инчен Телеком телевизор, по супер цена.

email