makosped

Шпедитеската компанија Макошпед првото полугодие од оваа година го заврши со загуба од 2.265.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2016 година, компанијата евидентираше добивка од 936.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваат 28.130.000 денари, додека една година претходно беа на ниов од 36.074.000 денари.

email